(ВИДЕО) Мицевски за Сител ТВ: Уставни измени под бугарски диктат нема да има

Никола Мицевски, координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, вечерва во централниот Дневник на СИТЕЛ ТВ кажа дека апсолутно немало преговори за уставни измени.

„Апсолутно нема преговори и овој мандатен состав на ВМРО-ДПМНЕ, а тоа впрочем му кажа и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски ниту има мандат, ниту сака, ниту ќе преговара за промена на Устав под диктат на Бугарија“, нагласи Мицевски.

Тој се осврна и на криминалот и корупцијата при што додаде дека потребно е да се разговара околу владеење на правото и справување со корупцијата и криминалот.

„Тоа е тема за која што ние исто така треба да разговараме и во нашата држава, затоа што владеењето на правото и корупцијата се нешто за кое што не мора некој од надвор да нѐ уверува дека се случува, бидејќи знаеме и ние. Мерењето на јавното мислење укажува дека злоупотребата на владеење на правото, високата корупција излегува од редовите на власта. И тоа сите добро го знаеме. Да, треба да поработиме сите заедно, меѓутоа треба да поработи посебно владејачкото мнозинство и да ВМРО-ДПМНЕ се согласува дека Владата на СДСМ и ДУИ се генератор на високата корупција во државата. И ВМРО-ДПМНЕ се согласува дека на тој европски пат треба сите заедно да поработиме затоа што злоупотребата на европското знаменце и прекршување на обврските кои што ги имаме како држава во Спогодбата за стабилизација и асоцијација утре може да не блокира било која земја членка при евроинтеграции“, нагласи Мицевски.

15.05.2023 - 20:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега