ВИДЕО: Меси го изненади својот најстар фан – во тефтер ги запишува сите негови голови

Капитенот на Барселона и Аргентина предизвика солзи во очите кај еден свој фан на возратс од 100 години. Неговиот најверојатно најверен фан е стогодишниот Аргентинец Хернан Мастранџело.

Дон Ернан е познат по тоа што во својот тефтер го документира секоја гол кој Меси ќе го постигне во дресот на Барселона или Аргентина.

Кога неговиот внук Хулиан Мастранџело го објави овој податок за својот дедо на социјалните мрежи , стогодишникот стана вистинска атракција.

Хулиан објави видео на Тик Ток, видеото стигна и до Лео Меси.

Волшебникот на Барса веднаш воспостави контакт со внукот на Мастранџело и преку видео му го честиташе 100 роденден на дедо Хернан со видео честитка.

-Здраво Хернан. Твојата приказна дојде и до мене.Делува неверојатно да ги забележуваш сите мои голови на тој начин и поради тоа сакам да ти испратам голем поздрав и да ти кажам дека сум ти многу благодарен поради тоа, порачал Меси.

15.07.2021 - 22:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега