ВИДЕО: Медведев го спомна името на Ѓоковиќ, па доби громогласни свирежи

Данил Медведев се збори за влез во полуфиналето на Австралија опен иако во почетокот губеше 2-0 во сетови од Феликс Оже-Алијасим.

По мечот, Русинот доби неочекувана реакција од тирбините, кога го спомна името на Новак Ѓоковиќ.

Објаснувајќи како успеал да направи пресврт, рече дека во клучните моменти помислил на српскиот тенисер.

„Ако зборуваме за меч-топките, успеав добро да сервирам во тие моменти. Феликс одигра неверојатно. За момент помислив: „Што би направил Новак? И тогаш, си реков дека ќе го натерам противникот да работи постојано“ , рече Медведев.

 

26.01.2022 - 19:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега