ВИДЕО: Манијак се соблекувал пред малолетни девојчиња во Белград- полицијата веднаш го уапсила

Белградската полиција го уапси 19-годишниот, Н.М, осомничен за пет дела сексуално вознемирување на штета на малолетници, кој денеска е на изведен на сослушување, пренесува порталот „Телеграф“.

Од обвинителството во Белград за „Телеграф“ изјавиле дека момчето се испрашува за три дела за полово вознемирување на територијата на општина Раковица и два дела за полово вознемирување во општина Чукарица.

Од обвинителството наведуваат и дека од петте вознемирени девојчиња, едната е постара од 14 години, додека другите се помлади, што претставува и потешка правна квалификација.

„Три девојчиња го препознаа“, соопштиле од обвинителството, истакнувајќи дека по сослушувањето, на 19-годишникот ќе му биде одреден притвор.

Претходно, во јавноста се појавил лик на човек за кој се утврдило дека не е виновен за овие дела, додаваат од белградското обвинителство.

Тој човек бил уапсен, но девојчињата не го препознале, а имал и алиби.

19-годишниот, Н.М. бил уапсен во текот на вчерашниот ден, пренесува „Телеграф“.

Во јавноста претходно се појавија две одделни снимки на кои се гледа како млад човек ги слекува панталоните пред две девојчиња.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

19.03.2021 - 13:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега