Close Menu
    Најново

    ВМРО-ДПМНЕ: Кацарска е обичен апаратчик на минатата власт, таа е активен чинител на неправдата без кредибилитет

    21.11.2025 во 14:42

    Германската амбасадорка: Не е точно дека Германија инвестира помалку од С Македонија во правосудството

    21.11.2025 во 14:40

    Мицкоски од Тирана: Билатералните спорови не смеат да одлучуваат за членството во ЕУ, клучна е испораката на реформи

    21.11.2025 во 14:32
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • ВМРО-ДПМНЕ: Кацарска е обичен апаратчик на минатата власт, таа е активен чинител на неправдата без кредибилитет
    • Германската амбасадорка: Не е точно дека Германија инвестира помалку од С Македонија во правосудството
    • Мицкоски од Тирана: Билатералните спорови не смеат да одлучуваат за членството во ЕУ, клучна е испораката на реформи
    • Перински: Отворен Јавен повик за креирање на база на висококвалификувани експерти во Ресурсниот центар
    • Гризли напад во Канада: деца тешко повредени, две лица во критична состојба
    • Зеленски разговараше за американскиот мировен план со европските лидери
    • Засилени контроли на ДПИ во пет града: Кај 16 од 23 субјекти откриена нелегална трговија со тутун
    • Куќен притвор за две лица и мерки на претпазливост за седуммина кои се опфатени со истрагата за коруптивни дела поврзани со работата на клубот „Пулс”
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24Press24
    Home » (ВИДЕО) Манасиевски: Раководството на сметководственото биро Левица го покажа вистинското лице, над 2 милиони денари ставиле во сопствениот џеб

    (ВИДЕО) Манасиевски: Раководството на сметководственото биро Левица го покажа вистинското лице, над 2 милиони денари ставиле во сопствениот џеб

    24.09.2025 во 12:58
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email


    Раководството на сметководственото биро Левица го покажа вистинското лице, над 2 милиони денари ставиле во сопствениот џеб, истакна на денешната прес-конференција Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.

    Апасиев, Мојсоска, Мециновиќ, Крмов и Исмаил, кои како главни ликови од Левица, додека продаваат некаква скромност и неподмитливост во јавноста, си инкасирале во своите џебови над 2 милиони денари од Левица, рече Манасиевски.

    „Президиумот на Левица, односно луѓето кои се пратеници во македонското собрание, водат кампања против своите колеги за добивање законски средства на патни трошоци, а истите од својата партија си повлекуваат слични суми кои се налик на патни трошоци, во вредност над 2 милиони денари.

    Дали Левица е политичка партија или сметководствено биро? Дали средствата кои ги добивале раководството на Левица, ги добивале затоа што се сметководители или затоа што земале партиски патни трошоци?, прашува Манасиевски.

    Манасиевски рече дека вистинскиот проблем е што тие се претставуваат како скромни, неподмитливи и народни. Не е проблемот во тоа што земаат средства од својата политичка партија, проблемот е што се дволични. Пред камерите едно, зад нив друго.

    „Лажното претставување на раководството на Левица е демаскирано. Левица се прочитани“, нагласи Манасиевски.

    Популарно

    Почина младиот Филип, ВМРО-ДПМНЕ објави тажна вест

    20.11.2025 во 21:38

    Падна референт во МВР – незаконски вратил одземено оружје и дозвола

    21.11.2025 во 12:51

    УХМР предупредува: Доаѓа невреме проследено со грмежи и силен ветер

    21.11.2025 во 08:55

    Го нокаутирала дечко и бидејќи не сакал тројка

    21.11.2025 во 13:29
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.