ВИДЕО: Мајка од САД оставила бебе пред домот на девојката со која се забавува нејзиното поранешно момче - рекла дека детето има шуга

33-годишната Мелиса Кели од Флорида е обвинета за занемарување на детето откако наводно својот штотуку роден син го оставила пред куќата на мајката на девојката со која се забавува нејзиното поранешно момче. Безбедносните камери пред куќите ја снимиле целата сцена.

Патрисија Тилман веднаш повикала полиција откако Кели се оддалечила од нејзината врата.

Медиумите пренесуваат дека Кели наводно ѝ рекла на Патрисија, која никогаш не ја запознала. дека нејзиното поранешно момче Клејтон Зинк ќе дојде по детето, но тој никогаш не се појавил.

Патрисија на полицијата раскажала дека Кели изненадно се појавила пред куќата во неделата вечерта. Рекла да не го допира бебето, затоа што има шуга.

Покрај бебето оставила и празно шише и две валкани ткаенини, како и конзерва бебе формула.

Патрисија раскажала на полицијата дека нејзината ќерка се забавува со поранешното момче на Кели. Таа истакнала дека не знае како се вика жената која го напуштила бебето пред нејзината врата.

Безбедносните камери во донот ја снимиле Кели како ѕвони на врата, а потоа да оддалечува. Полицијата за целиот случај ги информирала родителите на поранешеното момче на Кели, но тие одбиле да го земат бебето или да го разбудат својот син.

Локалните медиуми пренесуваат дека Кели испратила порака до своето семејство и напишала да не ја тераат бебето да го фрли во отпад.

Медиумите исто така пишуваат дека после раскинувањето со Зинк, Кели се заканувала дека ќе се убие. Полицијата го следела нејзиниот телефон и ја пронашле како се крие во шума. Таа била успена, а социјална служба ја преземала грижата за бебето.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

25.11.2020 - 10:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега