(ВИДЕО) Луѓе заглавени во километарска колона кај Бар поради пожар: Се плашиме за куќите

Над Црвената плажа кај Бар во Црна Гора изби голем пожар, чие гаснење го отежнува силниот ветар и непристапниот терен.

Голем број туристи и жители се заглавени во километарска колона кај Сутоморе.

„Бевме во Сутоморе на плажа, а веќе еден час сме во колона. Сместени сме во Бар, ова е непријатно поради децата“, вели турист.

„Сите сили се на терен. Се плашиме за куќите поради силниот ветар“, вели пожарникарот Вулевиќ.

10.08.2022 - 21:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега