Close Menu
    Најново

    Туск: САД се согласиле да распоредат сили во Украина по мировниот договор

    30.12.2025 во 19:13

    Русија тврди дека Украина нападнала резиденција на Путин

    30.12.2025 во 18:49

    Запрен сообраќај во тунелот под Ла Манш

    30.12.2025 во 18:31
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • Туск: САД се согласиле да распоредат сили во Украина по мировниот договор
    • Русија тврди дека Украина нападнала резиденција на Путин
    • Запрен сообраќај во тунелот под Ла Манш
    • Беким Сали именуван за прв вицепремиер на денешната владина седница
    • Американски напад врз венецуелско пристаниште: Трамп тврди дека биле погодени нарко-бродови
    • Несреќа на жичарница во Италија – најмалку четири повредени, 100 спасени со хеликоптер
    • ​Општина Кисела Вода го донесе Буџетот за 2026 година, вреден 1.578.271.060 денари
    • СДСМ: Ги поставија своите судии и почнаа со репресијата
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24Press24
    Home » (ВИДЕО) Кузеска: “Очајно ми треба помош” – Дали Росица му праќала пораки на Тошковски да моли за помош а тој ја игнорирал?

    (ВИДЕО) Кузеска: “Очајно ми треба помош” – Дали Росица му праќала пораки на Тошковски да моли за помош а тој ја игнорирал?

    24.09.2025 во 11:35
    ФОТО: СДСМ
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    “Очајно ми треба помош” – напишала младата Росица пред насилникот да и го одземе животот, посочи на прес – конференцијата на СДСМ, Богданка Кузеска – портпаролка.

    Во јавноста се појавија пораки од Росица наводно испратени до министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, во кои таа зборува за нејзиниот страв и очајно бара помош, рече Кузеска.

    „“Сѐ надевам дека пишувам на право место и дека конечно некој во оваа држава ќе отвори уши и очи за мојата безизлезна ситуација. Човекот кој од декември наваму, ме демне, ме тепа, ми нанесува друг вид на насилство, силува, прогонува и последно пред 5 дена ми ја запали колата е сеуште на слобода”, пишува во пораката која наводно е испратена до министерот Тошковски.

    Дали оваа порака Почитуван министре стигнала до вас пред 5 месеци ?

    Ако стигнала, што сте направиле?

    Прашуваме, бидејќи наводно во оваа порака на Росица е објаснета нејзината целосна голгота низ институциите, името на обвинителот, но и  тоа дека на човекот кој ја уби Росица и покрај сите терори кои ги трпела и ги пријавила уредно, стои дека пасошот му е вратен од страна на МВР.

    “Вратен му е пасошот од МВР и во моментов слетува во Берлин” напишала Росица.

    Прашуваме уште еднаш, дали е ова точно?

    Ако е така, тогаш граѓаните со сигурност може да заклучат дека се оставени сами на себе кога се работи и за нивниот живот и дека залудно пријавуваат насилство, закани, демнеење“, потенцираше Кузеска.

    Кузеска нахласи дека смртта на Росица е трагична.

    „И ниту еден коментар од послушниците на власта не можат да ја намалат сериозноста на непостапувањето на институциите да го спасат животот на оваа млада жена. Ниту Миленко Неделковски, ниту било кој од власта, кој се обидува да ја префрла топката еден на друг.

    Каде во оваа држава човек треба и може да се обрати доколку му се закануваат по живот? Доколку го тепаат, му палат автомобил?

    Каде може да пријави една жена за да знае дека таа и најблиските ќе бидат сигурни?

    Убиството на Росица не смее да биде заборавено.

    Убиството на Росица бара одговори, бара дговорност и бара будност и голема сериозност на институциите, а не префрлање на вина еден на друг.

    Росица не молчела! Росица пријавувале секогаш кога стравувала за својот живот, а нејзиниот живот и животот на нејзиниот татко згаснаа.

    Каква порака е оваа за сите други жени кои собираат храброст да пријават дека трпат насилство, закани, демнеење, дека животот не им е спокоен? Која би била вистинската адреса за нив, ги прашуваме институциите. Или треба да молчат?“, прашува Кузеска.

    Популарно

    Обвинителството ја затвори познатата скопска кафеана

    30.12.2025 во 11:25

    Сопругата и синот на Мицкоски на гости во Влада

    29.12.2025 во 18:38

    Денеска подгответе се за снег – од утре голем пресврт

    30.12.2025 во 09:08

    Важно соопштение за пензионерите: Познато кога ќе им бидат пуштени пензиите

    30.12.2025 во 10:50
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.