(ВИДЕО) Кузеска: Ѓеорѓиевски со часовник од 8.000 евра, Пецаков на егзотично патување - серија скандали на ВМРО-ДПМНЕ

„Градоначалниците на ДПМНЕ ги тресат серија скандали. За 2 години локална власт градоначалниците на ДПМНЕ имаат НУЛА резултати но еден куп скандали. Последен е скандалот со егзотичното патување на градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, од ДПМНЕ.
Додека Охрид тоне секој ден, Пецаков плови на егзотично крстарење заедно со секретарот на општина Охрид, но и други лица од неговиот Кабинет“. Овие пораки ги испрати портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска на денешната прес-конференција. Таа побара одговори колку пари чини ова егзотично патување и на чија сметка крстари Пецаков.
 
Дополни дека градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓеорѓиевски, јавноста го забележа на фотографија како носи луксузен часовник од околу 8.000 евра.
 
„Нема одговор од каде му се илјадници евра на Ѓорѓиевски за толку луксузен саат?
Општина Штип пак со ДПМНЕ ја тресе афера на кумско-семејна врска за тендер вреден 20.000 евра.
До денеска за сите овие скандали директно поврзани со градоначалалниците на ДПМНЕ молк од ДПМНЕ, молк од Мицкоски.
Молкот значи одобрување од страна на Мицкоски“, нагласи Кузеска.

19.11.2023 - 12:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега