(ВИДЕО) Ковачевски со медиуми бараше макарони и млеко во маркет, па плати сметка од 328 денари

 

Премиерот Димитар Ковачевски си испазари млеко, леб, макарони од познат синџир маркети. Откога со министерот за економија, Крешник Бектеши, и директорот на Пазарната, Горан Трајковски, ги разгледа цените, тој се одлучи за две пакетчиња макарони, а покрај сирењето, си купи и урда. За целата сметка плати 328 денари.

„Десно, десно , десно, уште десно, онде се тестенините“, го насочуваа Ковачевски додека пазареше за полесно да ги најде макароните.

„Сите цени се намалени“, го убедуваше претставникот на маркетот.

Бектеши за време на пазарењето му дофрлаше нешто поврзано за цените. Ковачевски отиде и кај сирењето и зеде едно парче. На крајот отиде на касата за да си ја плати сметката.

„Намалени се цените“, рече Ковачевски по пазарењето.

16.03.2023 - 11:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега