(ВИДЕО) Ковачевски се сретна со Зеленски: Северна Македонија продолжува да ја помага Украина се додека е потребно

На средбата, премиерот Ковачевски ја нагласи континуираната и силна македонска поддршка на Украина во напорите за одбрана на земјата и враќање на слободата и мирот, а со тоа и стабилноста во регионот. Осудувајќи ја бруталната воена агресија која Русија ја врши врз независна и суверена Украина, Ковачевски повтори дека Северна Македонија ќе продолжи со недвосмислена и силна поддршка за Украина, во нејзината самоодбрана и заштита на независноста, суверенитетот и територијалниот интегритет. Овој пристап, Северна Македонија јасно го манифестира како на билатерална основа, така и во рамките на НАТО, како и со приклучувањето кон Декларацијата на земјите од Г7 за безбедносни гаранции за Украина.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа