(ВИДЕО) Ковачевски: Мицкоски бара избори како што внук ми бара Плејстејшн

Премиерот Димитар Ковачевски е дециден дека привремени избори нема да има на крајот од мај и на почетокот на јуни, како што бара Христијан Мицкоски, лидер на ВМРО-ДПМНЕ. Ковачевски ѝ порача на опозициската партија да се посветат на локалниот развој бидејќи имаат 50 општини со кои раководат.

„Тоа ме потсетува на… Имам јас еден внук Никола и цело време му викам: ‘А бе Никола, земи работи, книгата, учи, работи за да напредуваш’, а тој ми вика: ‘Купи ми ‘плејстешјн’. И што и да му кажеш, тој цело време вика: ‘плејстејшн, па плејстејшн’. И ова ме потсетува на претседателот на опозицијата, т.е. на мојот внук Никола, кој, наместо да се фати со работа, само бара да му се купи ‘плејстејшн’, така што сметам дека и тие треба да се посветат на работа во општините отколку само и само да повторуваат: ‘Предвремени избори’. Предвремени избори нема да има, ќе има редовни избори за кои го кажав резултатот“, рече Ковачевски.

Тој смета дека тоа што парламентарното мнозинство е зголемено е потврда дека избори ќе има дури в година.

„Прашањето за предвремените избори, кое Мицкоски го најавуваше во декември, па го презакажа за јануари, па за средината на февруари, е затворено. Бидејќи тврдеше дека има мнозинство од 61 пратеник, на крајот се покажа дека Владата има зголемено мнозинство од 65 пратеници. Со тоа, ова прашање е затворено. Јас не ги менувам становите секој ден, изборите ќе бидат во редовните термини, прво претседателските избори, па парламентарните избори, на кои ќе победи СДСМ. Јас упатив порака дека ВМРО-ДПМНЕ управува со 50 општини, дека треба таму да работат“, додава Ковачевски.

16.03.2023 - 15:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа