(ВИДЕО) Костовски: Најостра осуда за вандалскиот чин за уништување на урбаната опрема
-Најостро го осудувам вандалскиот чин со кој се уништува урбана опрема, особено во ова време кога се гради како никогаш досега.
Жалосно е што се почесто сме сведоци на дивјаштвото врз реквизитите и урбаната опрема која претходно е поставена на местата каде децата и граѓаните најчесто одмараат, регира на социјалната мрежа Фејсбук градоначалникот на општина Бутел, Дарко Костовски објавувајќи видео на кое се гледа како во дворот на училиштето Ацо Шопов е уништена урбана опрема и летниковец.
„Последниот случај е во дворот на ООУ “Ацо Шопов” каде што целосно е уништена урбаната опрема, а оштетен е и летниковецот.
На овој потег во изминатиот период се вложени над 4.000.000 денари во ново игралиште, нова урбана опрема и ново зеленило.
Јавно ќе побарам од директорот на основното општинско училиште и до МВР да постапи и најригорозно да го санкционира ваквиот вандалски чин!
Лицето е добро познато и на службите од училиштето и на службите на МВР.
Дополнително по соодветната постапка да се бара надомест на штетата!
Апелирам до граѓаните да се однесуваме одговорно и да го чуваат она што го градиме и што го вложуваме за подобри услови за сите нас“, се наведува во објавата на градоначалникот Костовски.
02.09.2023 - 14:06
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа