ВИДЕО: Косовската делегација предизвика вистински сообраќаен хаос во Скопје – скопјанка не можеше да стигне на погребот на својот татко

Пристигнувањето на косовската делегација за заедничката владина седница во Скопје предизвика вистински сообраќаен хаос во главниот град.

Затворени улици, гужви, нервозни возачи. Ваква беше сликата денеска во Скопје.

Голем број скопјани не успеаја да пристигнат на местата кадешто се упатиле. Сител објави видео од гужвите, каде една скопјанка вели дека не може да стигне на погребот на својот татко.

-Јас само ги замолувам да ми направат простор колите да се ослободам и да одам на погреб кај татко ми. 20 минути никој не сака да ми направи простор да поминам, сите полицајци ми велат „чекајте две минути, чекајте две минути“, сведочи скопјанката.

 

16.09.2021 - 12:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега