Close Menu
Press24
    Најново

    Николоски: Патот од Фариш до Прилеп не смее да остане црна дупка

    03.03.2026 во 08:20

    Едукативна активност „Имам став“ за ученици од средните училишта 

    03.03.2026 во 08:13

    Уште две недели казна од 45 евра за овој прекршок – Важи и кога има сонце

    03.03.2026 во 08:11
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Николоски: Патот од Фариш до Прилеп не смее да остане црна дупка
    • Едукативна активност „Имам став“ за ученици од средните училишта 
    • Уште две недели казна од 45 евра за овој прекршок – Важи и кога има сонце
    • Наредена обдукција, се вршат разговори – ОЈО со детали по трагедијата во Карпош
    • Подгответе се за гужви – Посебен сообраќаен режим денеска во Скопје
    • Сиљановска го пречекува Руте со највисоки државни почести – Средби со државниот врв
    • 65-годишен прилепчанец дилал дрога во затвор, кривично ќе се гони
    • Среде Центар: Шкода заврши на жардиниера
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » (ВИДЕО) Катастрофален пожар во Загреб: Гори облакодерот Вјесник

    (ВИДЕО) Катастрофален пожар во Загреб: Гори облакодерот Вјесник

    18.11.2025 во 09:131 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Малку пред полноќ, во облакодерот Вјесник на Славонска авенија во Загреб избувна пожар, а како што се ширеше вертикално, зафати неколку ката и покривот, поради што голем број пожарникари и опрема беа вклучени во неговото гаснење.

    Сцените се ужасни, а градоначалникот на Загреб, Томислав Томашевиќ, исто така, дојде кај зградата утрово.

    „Постојано се разгорува на различни катови. Се гаси одвнатре и однадвор. Причината е непозната, постојат некои сомневања, но истрагата на лице место ќе го утврди тоа. За жал, штетата е целосна. Мнозински сопственик на зградата е државата, градежните инженери ќе треба да видат дали објектот е за рушење или ќе се обнови“, рече Томашевиќ.

    Засега нема опасност од уривање, посочи тој.

    „Најважно е што нема жртви и безбедноста на пожарникарите е најважна“, додаде тој.

    Инаку, пожарот настанал синоќа околу 23:10 часот во облакодерот на кој се наоѓа на Славонска авенија во Загреб. 

    Според првичните информации, пожарот зафатил повеќе катови и агресивно се ширел вертикално кон подолните и погорните катови и кон кровот на зградата, а во моментот на избивањето на пожарот, во зградата немало никој.

    Gori Vjesnik… Ponos Grada Zagreba, nekadašnji centar informacija (*provjerenih)

    ode… pic.twitter.com/AvDARX0bRo

    — Skandalozni (@Skandalozni) November 18, 2025

    Популарно

    Масовна тепачка пред угостителски објект во Карпош: Приведени седум лица

    01.03.2026 во 13:35

    Петок е неработен ден за сите граѓани – доаѓа продолжен викенд

    27.02.2026 во 09:37

    Почна евакуација на Србите од Тел Авив: Вучиќ им прати авион во Египет

    02.03.2026 во 22:41

    Ужас во Делчево: 15-годишник обљубил малолетничка

    01.03.2026 во 13:33

    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.