(Видео) Камион намерно се заби во автобуска станица во Израел, десетици повредени
Десетици луѓе се повредени кога камион влета во автобуска станица во централен Израел, соопштија израелските спасувачи.
Портпаролот на израелските полициски сили изјави дека прелиминарната истрага покажала дека камионот удрил во автобуска станица каде што чекале патници и автобус кој бил во близина.
Возачот бил застрелан и неутрализиран, соопшти полицијата. Околностите на несреќата се’ уште се истражуваат, но според информациите од полицијата се работи за намерен напад.Израелската итна медицинска помош „Маген Дејвид Адом“ соопшти дека била повикана на настан со масовни жртви и дека најмалку 35 лица се повредени.
На лице место лекуваат десетици лица, од кои најмалку четворица се со тешки повреди. Станицата се наоѓа на излезот од воената база во Рамат Ашарон, во централен Израел. Според снимките на израелската телевизија, голем број возила на брзата помош биле на местото на настанот, како и полициски персонал и најмалку еден хеликоптер.
Во минатото имало напади од Палестинци со автомобили или камиони во Израел.
MDA EMTs and Paramedics are treating and evacuating 10 injured people to Beilinson and Ichilov hospitals. Among the injured: 4 in serious condition, 2 in moderate condition, and 4 in mild condition. MDA teams are also treating multiple other casualties on-site. Updates to follow. pic.twitter.com/nGGv5Q3AcN
— Magen David Adom (@Mdais) October 27, 2024
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа