(ВИДЕО) Каевски: Неуспешниот пироман Ковачки и претседателот во обид Таравари дел од крвавото коалициско сценариото

 

Неуспешното крваво сценарио на насилните протести на ВМРО-ДПМНЕ и Левица, се потврди дека било помогнато и од структури блиски на Алијанса во Скопје, односно на претседателот во обид, Арбен Таравари. Сите пиштолџии на Мицкоски, МВР ги пронајде и се санкционирани. Меѓу нив предничи Јусуф Енус алијас Цуфи Кока, чиј брат беше директор на Комунална хигиена Скопје поставен од Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, односно од Арсовска, изјави на денешната прес-конференција, Дарко Каевски, пратеник и портпарол на СДСМ.

Тој додаде дека само по два дена од разрешувањето од директорската функција, иститот Јусуф Енус е поставен за шеф на кабинет на новата директорка Косана Мазнева. Очигледно дека коалицијата на структури на Алијанса во Скопје, под команда на Таравари, одлично функцираат со ВМРО-ДПМНЕ под команда на Мицкоски.

Kаевски постави неколку прашања и тоа: Дали неуспешниот пироман и армиски дезертер Драган Ковачки е лицето за контакт од ВМРО-ДПМНЕ за ова неуспешно сценарио? Зошто молчи Ковачки на прашањето дали ги координирал лицата со качулки пред Собранието и поранешни припадници на Армијата во насилното сценарио? Дали Арбер Таравари е лицето за контакт со структурите блиски до Алијанса во Скопје?

Од СДСМ очекуваат надлежните институции, МВР, обвинителство, судство целосно да го расветлат обидот за крваво сценарио и етнички тензии и да дадат одговори на клучните прашања.

Едно е факт, антиевропската коалиција на Таравари и Ковачки не успеа во своите намери. Институциите, граѓаните, нема да дозволат ниту Мицкоски ниту Таравари да ја загрозат европската иднина на државата, додаде Каевски.

15.07.2022 - 12:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега