(Видео) Израел негира дека нападнал болница во Газа: Ракетата е на Исламски џихад

 

 

Израелските одбранбени сили (ИДФ) соопштија дека веруваат дека палестинските милитанти стојат зад нападот на болницата во Појасот Газа откако истрелале неисправна ракета кон Израел.

ИДФ го соопшти ова откако синоќа ракета ја погоди болницаta „Ал Ахли“, при што загинаа најмалку 500 луѓе. Палестинците ја обвинија израелската армија за овој напад.

„Анализата на оперативните системи на ИДФ покажува дека терористите во Газа се одговорни за ракетниот напад. Разузнавачките податоци од повеќе извори што ги поседуваме укажуваат дека Исламски џихад е одговорен за неуспешно лансирање ракета кон Израел што погоди болница во Газа“, тврдат тие.

Портпаролот на ИДФ соопшти и дека нивните разузнавачи пресретнале разговор на терористите во Газа како зборуваат за неуспешното лансирање на ракетата што завршила во болницата.

„Згрозен сум од двојните стандарди во известувањето: известувањето на BBC World автоматски го обвини Израел за експлозијата во болницата во Газа, само врз основа на она што го тврди терористичкиот Хамас! И кога ги истражуваме и ги побиваме тврдењата, мора да се достават докази. Немам проблем да бидеме повикани на одговорност, но само посакувам нашите непријатели да имаат ист третман“, рече портпаролот на ИДФ, Џонатан Конрикус.

Бомбардирањето на Газа дојде откако Хамас го нападна Израел, при што загинаа повеќе од илјада луѓе и земаа многу заложници.

 
18.10.2023 - 10:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега