(ВИДЕО) Индија по поплавите: 31 лице умре, меѓу нив и деца

Во поплавите кои ја зафатија јужна Индија, досега се регистрирани повеќе од 30 починати. Фактот којшто загрижува е дека меѓу нив има и деца. Ситуацијата дополнително се влошува, бидејќи многу лица се водат како исчезнати, со ова постои можност бројот на жртви да се зголемува.

Најтешко погодени области се Котајам и Идуки. Многу лица беа евакуирани, а има и такви кои останаа без кров на глава. Моментално, главен е министерот во Керала, Пинараји Вијанин.

Главниот министер има за задача да евакуира луѓе, а како што пренесуваат и светските медиуми, формирал повеќе од сто кампови за сместување на загрозените.

18.10.2021 - 10:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега