Хуманоиден робот бркаше диви свињи на празен паркинг во Варшава, а видеото е споделено на социјалните мрежи.

Снимките од роботот Unitree G1 како брка свињи привлече големо внимание на интернет, а подоцна беше откриено дека е создадено како дел од маркетиншка кампања.

Широко споделеното видео го прикажува хуманоидниот робот како трча низ тревник бркајќи животни пред да ја крене тупаницата во очигледна фрустрација додека тие бегаат.

„Ги гонам дивите свињи во шумата“, се вели во описот на видеото објавено на X.

Exit mobile version