ВИДЕО: Хрватската старлета Нивес Целзиус на прием кај Пендаровски
Познатата хрватска старлета Нивес Жељковиќ, позната како Целзиус била на прием кај претседателот на државата, Стево Пендаровски во Вила Водно во Скопје. Таа објави и фотографија од посетата на социјалните мрежи.
На видео кое таа го објави се гледа и како бакнува еден од гардистите пред влезот на Вила Водно, што ги „разгоре“ социјалните мрежи.
Од Кабинетот на претседателот велат дека нема ништо спорно и оти таа била на листата поканети гости на Спортско радио.
-По повод одржувањето на 30. јубилеен Турнир во мал фудбал на медиуми, во организација на Спортско радио 90.3 ФМ, во Кабинетот на претседателот се одржа краток прием за учесниците и организаторите на турнирот. Нивес Жељковиќ беше на листата на гости на Спортско радио, меѓу кои беа околу 70 новинари, спортисти и естрадни уметници од земјава и од регионот. Однесувањето на секој од присутните гости за време на приемот зависи од нивниот личен интегритет и домашно воспитување, а во тој дел сè додека не се прекршени законите, нема простор за наша реакција, велат од Кабинетот на Пендаровски за Прес24.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа