истински хаос претпладнево во законодавниот дом за време на Јавната расправа за еднакви права на мажите и жените. Наместо конструктивен дијалог, седницата се претвори во арена на меѓусебни обвинувања откако пратеничката Илире Даути од Алијанса за Албанците бурно реагираше поради непочитување на Законот за јазиците.

Даути од говорницата побара итна пауза бидејќи документите за расправата не ѝ биле доставени на албански јазик, упатувајќи тешки зборови до организаторите.

„Како да се зборува денеска за насилство кога самата бев жртва на психичко насилство“, истакна Даути, обвинувајќи дека нејзините права како пратеник се прекршени.

На ова остро реагираше заменик-претседателката на Комисијата, Весна Ѓорѓиева, која порача дека денот не е за собирање политички поени. По неколкуминутна жестока расправа, беше прогласена пауза за да се смират тензиите.

Exit mobile version