Излегувањето во кафеана и користењето на угостителските услуги станува сè поскапо за македонските граѓани. Според најновите податоци на Државниот завод за статистика, во првите три месеци од 2026 година цените во овој сектор бележат пораст од 3.0 % во споредба со истиот период минатата година.

Само во март годинава, ценовникот во угостителството е повисок за 2.4 % во однос на март 2025-та, што потврдува дека трендот на поскапување продолжува и во оваа деловна година.

„Анализата по групи покажува дека најголем притисок врз паричниците има кај храната, каде само за еден месец е забележан раст од 0.2 %, додека кај пијалаците и ноќевањата цените засега мируваат“, велат од ДЗС.

Exit mobile version