ВИДЕО: Грмеа трибините - погледнете го голот на Алиоски

Прв гол за македонската репрезентација го даде фудбалерот Езгјан Алиоски.

Ангеловски направи две замени на полувремето. Дарко Чурлинов и Алекс Трајковски се двајцата кои влегоа на теренот на полувремето, а во соблекувалната останаа Николов и Спировски. Тоа значи дека сега целосно ја отворивме играта.

Во 54. минута Трајковски успеа да ја погоди пречката со помош на одбрана на Бушан, а Караваев го спречи Пандев да стигне до топката и досуден беше пенал за Македонија.

Алиоски го изведе, и во 57. минута, го одбрани Бушан, но од одбиената топка 2:1.

17.06.2021 - 16:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега