(ВИДЕО) Гори и кај с.Рилево - пожарот има тенденција на ширење

Вториот активен пожар кој вчера започна во атарот на с. Кошино се движи кон атарот на с. Рилево и с. Сливје и Зрзе, извести директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов.

„Во текот на вечерните часови постоеше опасност по куќите од с. Рилево но благодарение на пожарникарите од ТППЕ Прилеп опасноста е надмината. За жал пожарот повторно покажува тенденција на ширење. Утрово се изврши хеликоптерско извидување“, изјави Ангелов.

По завршувањето на мисијата во село Бељаковце ер тракторите ќе се пренасочат кон Рилево.

12.09.2023 - 11:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега