Драматични сцени попладнево доаѓаат од Ѓаковица, каде избувна огромен пожар во фабриката за душеци „Комодита“ (Comodita). Густ црн чад го прекри градот, а пламенот е видлив од километри. Полицијата потврди дека дојавата за пожарот на улицата „Ѓерѓ Соколи“ пристигнала околу 16:40 часот.

На терен се сите расположливи противпожарни екипи кои се борат со огнената стихија од големи размери. Полициските единици го обезбедуваат просторот, додека пожарникарите прават натчовечки напори да го локализираат огнот пред да се прошири на соседните објекти.

Exit mobile version