ВИДЕО: Големи поплави во Хрватска по невремето - водата носела сѐ пред себе
Подрачјето на хрватска Пожега денеска попладне го зафати невреме.
Во околу 13 часот наврнало огромна количина дожд, од 50 до 7ш милиметри на метар квадратен.
Поради невремето едно домаќинство морало да биде евакуирани, потврдил дежурниот водич во Службата за цивилна заштита на Пожега, Зденко Скалник.
"Многу повици од граѓаните. Во еден момент имаше и до 50 повици на чекање. На подрачјето на градот Пожега од невремето најмногу биле погодени улиците Јагодњак, додека Дршковци, Видовци и Дервишага во целост се биле погодени од невремето", изјавил Скалник.
Поплавени се доста дворови и подруми од куќи, а проблеми имало и на локалните патишта. Има и мали одрони.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа