(ВИДЕО) Голем пожар во училиште вечерва во Белград

Во ОУ „Бранко Радичевиќ“ во Видиковац вечерва околу 21 часот избувна пожар.

Многу пожарникари брзо пристигнале на местото на настанот.

Според неофицијални информации, причина за пожарот е неисправна инсталација.

Во училиштето тогаш немало ученици, но имало деца кои тренираат и го користат училиштето, со нивни родители, а според информациите сите навреме ја напуштиле зградата.

Видеото погледнете го ТУКА

20.09.2023 - 23:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега