ВИДЕО: Голем пожар во магацин со нафта во Русија

 

Во складиште во областа Брјанск на западот на Русија денеска се запалија резервоари со нафта на околу 1.800 квадратни метри.

Како што изјави локалниот гувернер Александар Богмаз на својот канал на Телеграм, пожарот го изгаснале повеќе од 80 лица со 30 парчиња опрема, меѓу кои и пожарникарско возило, пренесува Тасс.

Богмаз додаде дека нема извештаи за жртви.

На местото на настанот е испратена воздушна противпожарна единица.

30.11.2022 - 11:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега