Кандидатот за градоначалник на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски истакнува дека време е културата да ги соедини минатото и иднината во интерес на сите луѓе.
-„Скупи” ќе добие нова културна сцена, Скопското Кале ќе биде збогатено со нови културни сцени и содржини, запоставениот простор околу Аквадуктот ќе биде облагороден исто така со нови културни содржини. Доаѓа време кога сите ќе живееме подобро, вели Ѓорѓиевски.
Им порача на жителите на Скопје дека го имаат неговиот збор.

