ВИДЕО: Ги забетонираа – па ги ослободија дрвата на кејот на Вардар

Откако градските власти од засега нејасни причини ги забетонираа дрвата на кејот на Вардар, доцна синоќа службите ги ослободија.

Видео е објавено на социјалните мрежи на кое се гледа како градските службеници работат со механизација на нивно ослободување.

Ова доаѓа откако вчера граѓаните имаа бурни реакции по социјалните мрежи за ваквата одлука.

Денеска реагираше и опозициската ВМРО-ДПМНЕ која обвинува дека реконструкцијата на кејот е залудно платена.

-Приказна за себе се бетонираните дрва на кејот, уште еден неславен дострел на Шилегов. Да бетонираш дрва, значи дека ти фали елементарна логика. Но барем фараонот Шилегов ќе остане запомнат во рубриката „верувале или не“ како единствениот градоначалник на кого му се случила ваква кардинална глупост - бетонирање дрва. Шилегов не асфалтира улици, ама бетонира дрва. Откако ги исече здравите дрва на „Орце Николов“ сега ги бетонираше тие на кејот, соопшти опозициската партија рано изутрина.

03.07.2021 - 10:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега