(Видео) „Германска идиотко, поради тебе Берлин ќе гори“, пропагандист на Путин ја навреди министерката

Владимир Соловјов, истакнат руски пропагандист и верен сојузник на рускиот претседател Владимир Путин, ја нападна германската министерка Аналена Бербок. Соловјов е водител на политичка програма на каналот Русија-1 под контрола на Кремљ и е познат по своите контроверзни коментари.

Антон Герашченко, советник на министерот за внатрешни работи на Украина, објави видео на Твитер од Соловјов како ја напаѓа германската министерка за надворешни работи Аналена Баербок. Ја нарече луда будала.

„Германска идиотко, ќе видите како поради вашата гнила глупост, Аналена Баербок, Берлин ќе изгори и ќе има победничко знаме над зградата на Рајхстагот“, рече тој.

„Кој ви даде право да го фрлите народот во овој страшен оган на војната? заврши тој.

Неговата критика дојде откако Баербок во понеделникот рече дека Германија не само што ќе продолжи да обезбедува помош за Украина во текот на зимата, туку дека Берлин планира да ја зголеми помошта во текот на следната година.

„Не само што ќе ја продолжиме нашата поддршка за Украина, туку ќе продолжиме да ја шириме и зголемуваме“, рече Баербок.

16.11.2023 - 12:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега