Фонтаната „Лотосов цвет“ повторно вратена на скопјани!
Некогаш најфотографираното катче во срцето на Скопје, создадено во 70-тите години од минатиот век, овој препознатлив симбол на чистота и убавина, ,,Лотосов цвет”, денес повторно блеска.
По години на запуштеност и заборав, фонтаната е целосно обновена, просторот е уреден, поставена е нова урбана опрема и модерно осветлување.
Ова е враќање на едно чувство, на едно место што обединува генерации, каде се раѓале првите љубови и каде секој чекор носи своја приказна и секој агол чува дел од нечија младост.
Нека „Лотосов цвет“ повторно биде место за средби, за насмевки, за уживање и за нови спомени.
Од денес, ова катче повторно ќе живее, полно со луѓе, енергија и живот.
Скопје го правиме заедно. По скопски!, информира на социјалните мрежи градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски.

