Close Menu
Press24
    Најново

    2 хороскопски знаци кои до пролет ќе се збогатат

    06.03.2026 во 23:42

    Сите ги сакаат: Трите најпопуларни хороскопски знаци

    06.03.2026 во 23:15

    Што ја прави секоја жена посебна и незаменлива според хороскопскиот знак

    06.03.2026 во 22:49
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • 2 хороскопски знаци кои до пролет ќе се збогатат
    • Сите ги сакаат: Трите најпопуларни хороскопски знаци
    • Што ја прави секоја жена посебна и незаменлива според хороскопскиот знак
    • Израел со силен воздушен бран во Бејрут
    • Иран: Европа и другите земји ќе бидат легитимни цели на напад ако се приклучат на САД и Израел
    • Трамп: Иран не мора да биде демократија, важно е да биде сојузник
    • Цените на нафтата во нагло качување: Блискиот Исток го блокира клучниот „енергетски крвоток“
    • Битолски водовод: Чистењето на улиците се врши веднаш по санирање на дефектите
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » (ВИДЕО) Филипче на Свети Трифун: Помалку пари, пониска цена – власта ги остави лозарите без поддршка

    (ВИДЕО) Филипче на Свети Трифун: Помалку пари, пониска цена – власта ги остави лозарите без поддршка

    14.02.2026 во 13:322 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Го честитам денешниот празник на лозарите, посакувам да биде успешна година, да има богат род. За жал, сметам дека лозарите оваа година немаат да има добри вести во однос на тоа што значи поддршка од страна на владата за развој на овој сектор. Овој сектор земјоделството во мало го означува пристапот на оваа власт генерално во државата. Кражба,  пљачка и незаинтересираност за луѓето, изјави денеска лидерот на СДСМ, Венко Филипче. 

    „Имено откога ги фатија од Европа како крадат европски пари и го суспендираа ИПАРД програмата, сега владата ја намалува и Програмата за субвенции во земјоделството во целост. Од 140 на 100 милиони евра. Значи за цела третина, помалку пари, кај сите сектори во земјоделството, сточарството, лозарството, поледелството, овоштарството и нема да имаат овие земјоделци доволно поддршка од државата како што тоа го имаше во времето на владата на СДСМ.

    Дополнително уште неколку трикови од страна на владата. Се зголемува прагот на земја која што треба да се обработува за да се стигне и воопшто до субвенциите. Имено од 0,2 хектари, сега е 0,5 хектари. Значи тие кои што имаат 2 или 3 декари земја, повеќе нема ни да можат според измените во правилникот да стигнат до субвенциите.

    Понатаму видовме како за неколку денари по килограм ја намалија откупната цена на грозјето, година и покри тоа што дадовме предлог закон во Собранието оваа власт не го прифати зголемувањето на откупната цена на грозјето.

    Дополнително, средните винарии имаат обврска да продадат, внимавајте, 30% од грозјето на најголемите една или две винари, со цел да воопшто стигнат до парите кои им се потребни за субвенција. Сето ова оди во прилог на потребите на само една или две големи винарии, лозарите, тие кои мака мачат на сонце тука на земјата во лозовите насади.

    Малите винари, средните винари, сите се намерно оштетени, намалени им се парите или воопшто нема да можат да ги земат што е една катастрофа за овој регион. Тука во близина и овде со сличен предизвик и голем проблем се сочуваат и тутунарите. Намалена е субвенцијата на првата класа тутун од 100 на 80 денари. Ние стигнавме до 100 денари, во време на владата на СДСМ со 100% субвенционирана зелена нафта. Да потсетам дека сегашната власт ветуваше 160 денари и субвенција еве се сведува на половина. Жалам, но оваа власт не се грижи за граѓаните, за државата, посебно за овие сектор овде“, изјави Филипче.

    Популарно

    „Вашингтон пост“: Москва му предава координати на американската морнарица на Техеран

    06.03.2026 во 21:22

    Сите ги сакаат: Трите најпопуларни хороскопски знаци

    06.03.2026 во 23:15

    Трамп: Иран не мора да биде демократија, важно е да биде сојузник

    06.03.2026 во 22:09

    Цените на нафтата во нагло качување: Блискиот Исток го блокира клучниот „енергетски крвоток“

    06.03.2026 во 21:56
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.