ВИДЕО: Експлодираше бојлер во стан во Белград - 8 возрасни и 3 деца се повредено, внатре се е црно и изгорено
Во стан во зграда во Белград утрово во околу 6 часот експлодирал бојлер, при што 8 возрасни и три деца се здобиле со повреди.
„Бојлерот е нов, овде живееме веќе неколку години и никогаш ништо слично не се случило“, велат станарките за српските медиуми.
„Огнот е изгаснат, пожарот локализиран, но внатре во зградата тешко се дише и се е мокро.
Веднаш го контактиравме сопственикот на станот, овде живееме веќе 5-6 години и никогаш ништо слично не се случило. Бојлерот е нов, Вчера немавме вода, но бојлерот беше изгаснат“, тврдат станарките, две девојки студентки кои со својата мајка живеат во тој стан.
Девојките спиеле кога настанала експлозијата, а од кревет ги станала првата детонација после која скокнале и успеале некако да стигнат до вратата и да излезат од станот после што следувала втора детонација.
Само луда среќа ги спасила, видејќи од експлозијата ги делело само еден ѕид.
Според првичните информации можено е до експлозија да дошло поради гас, а можно е да бојлерот бил поврзан со гаста.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа