Во општина Липково е регистрирана огромна пукнатина на земјата, која претставува сериозна опасност за околните објекти и инфраструктура.

ТВ21 пренесе драматични снимки од терен кои покажуваат длабока и широка расцепка, што укажува на активирање на големо свлечиште.

Свлечиштето веќе предизвикува штета и претставува директна закана за безбедноста на населението во овој регион.

Локалните власти и надлежните институции се повикуваат на итна и брза реакција за да се спречи натамошно лизгање на земјиштето и да се заштитат животите и имотот на граѓаните во Липково.

Exit mobile version