ВИДЕО: Драма во Буенос Аирес - автомобил удри во вратата на кинеската амбасада, полицијата ја блокираше улицата

Маж удрил со автомобил во капијата пред кинеската амбасада во Буенос Аирес, пренесува „Reuters".

Во инцидентот имотот на амбасадата бил значајно оштетен, но повредени немало. 

Полицијата дошла на местото на настанат и ја блокирала улицата пред амбасадата.

Возачот на автомобилот е со потекло од Аргентина, било потврдено од амбасадата, а неговиот идентитет и мотивите се предмет на истрагата која е во тек.

Федералната и градската полиција не биле веднаш достапни да дадат изјава за јавноста, додека од Министерството за надворешни работи на Аргентина одбиле да дадат коментар по повод овој настан.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

23.06.2020 - 11:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега