(ВИДЕО) Драма во Белград: Докторка објави снимки од пациенти на TikTok


Докторката на Заводот за итна медицинска помош во Белград, Д. Т., на својот профил на „Тик-ток“ објавила серија снимки од своето работно место на кои таа влегува во камерата, снима и не се однесува во согласност со професијата.

Поради евидентирање пациенти на снимката, како и корисници на домот за стари лица во кој таа работела, против неа е поведена постапка пред етичката комисија, пренесуваат медиумите во соседството.

На видеата што Д. Т. ги објавила на профилот таа е во преден план и им се обраќа на следбениците додека го опишува своето работно место, проследено со движења на реална ѕвезда, стои во написите.

Имено, на видеото, кое е снимено во дом за стари лица, докторката на почетокот е во бел мантил и стетоскоп, каде што ги претставува своето работно место и пациентите.

Таа одеднаш се појавува во виолетов фустан и објавува дека е време за излегување.

„Ајде да видите доктор во друга верзија, да ги разбиеме предрасудите дека сите доктори се стари, досадни, грди. Па не е така, има некои интересни“, вели таа на почетокот на видеото направено во домот.

„Прекрасни сте, многу ми е мило. Дали сте добро згрижени овде?“, ги прашува докторката мислејќи на лицата згрижени во домот.

Видеото продолжува во возило што се движи кон болницата. Зад неа, во задниот дел од автомобилот, каде што најчесто се превезуваат пациенти, е снимено едно лице.

Кога снимките се проширија на мрежите, а докторката беше изложена на осуди, таа бргу ги отстрани сите снимки, пренесуваат медиумите во регионот.

17.09.2024 - 12:43

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега