Close Menu
Press24
    Најново

    Од полноќ нови цени на горивата – дизелот е поскап

    28.09.2026 во 09:30

    Регулаторна одлучи: Поскап бензин – значително поевтин дизел

    28.09.2026 во 14:21

    Најстудениот македонски град утрово: Само малку над нулата

    28.09.2026 во 09:27
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Нелегално превезувал патници: Поднесена пријава против маж од струшко Радолишта
    • Сообраќајка во Кичево: Без возачка дозвола удрил со мопед во паркиран автомобил и заврши во болница
    • И покрај активна забрана сепак седнал зад волан и тоа пијан – Полицијата приведе стружанец
    • УХМР ги измери температурите низ Македонија – Ова е состојбата во 11 часот
    • Се закануваат силни ветрови, поплави и одрони – Мексико на удар на ураганот Поло
    • Мицкоски: Со модернизацијата на хидроцентралите ќе произведуваме повеќе струја
    • Мицкоски: Не треба да го обвинуваме Брисел, претходната влада ставила потпис
    • Ужас на познат факултет: Студентка издрогирана, претепана и групно силувана
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » (ВИДЕО) Драма на премиера во Сингапур: Нападната Аријана Гранде

    (ВИДЕО) Драма на премиера во Сингапур: Нападната Аријана Гранде

    13.11.2025 во 18:032 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Познатата пејачка и актерка Аријана Гранде се најде во застрашувачка ситуација за време на премиерата на филмот „Wicked: For Good“, која се одржа денес, на 13 ноември, во Сингапур.

    Додека ѕвездата одеше по жолтиот тепих, среде настанот, непознат маж скокна преку бариерата и физички ја нападна.

    Инцидентот се случил на влезот во студиото. На видеата што се проширија на интернет, може да се види како мажот ненадејно се приближува кон Аријана Гранде, ја фаќа за рака и ги притиска градите кон неа додека таа се обидува да се оддалечи.

    Обезбедувањето реагираше брзо, но моментална помош пристигна и од колешката и пријателка Синтија Ериво.

    Синтија Ериво веднаш го забележала моментот кога мажот скокнал кон Гранде. Инстинктивно, таа скокнала меѓу нив и со извици се обидела да го блокира нападот.

    По нападот, Аријана Гранде беше поддржана и од другата колешка, Мишел Јео, која била видно потресена. Самата Гранде, иако продолжила со настанот, кратко коментирала дека е „добро“, но „потресена“.

    Напаѓачот е идентификуван како Џонсон Вен, кој е попознат како „Човекот со пижами“. Тој веќе бил мета на критики поради слични инциденти со други познати личности.

    Инцидентот повторно го отвори прашањето за безбедноста на јавните личности, особено имајќи предвид дека Аријана Гранде претходно зборуваше за своите борби со анксиозност и посттрауматски стрес по терористичкиот напад во Манчестер во 2017 година.

    #ViralZONA3 | Ariana Grande vive un momento de tensión en el estreno de “Wicked: For Good” y Cynthia Erivo reaccionó de inmediato

    Un fan burló la seguridad, corrió hacia la cantante, causando susto entre el elenco. pic.twitter.com/bpcUbWYPGL

    — ZONA 3 (@zona3noticias) November 13, 2025
    Прочитај повеќе

    Стрелките на часовникот одат наназад – Наскоро зимско сметање на времето

    29.09.2026 во 09:49

    Дневен хороскоп: Време е за одмор наместо за големи очекувања

    29.09.2026 во 09:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.