ВИДЕО: Девојче спасено од урнатините, го загуби целото семејство во земјотресот

 

 

На социјалните мрежи кружи видео од девојче што го загуби целото семејство во разорниот земјотрес во Сирија.

Информации за неа објави News Core India, каде што се наведува дека вчера во текот на денот била извлечена од урнатините во Сирија – земјата, која, покрај Турција, беше најтешко погодена од серијата земјотреси.

Според локалните медиуми, таа останала без семејството откога ѝ починале родителите. Таа сега е во засолниште и нејзината судбина е неизвесна.

Последните податоци покажуваат дека над 5.000 лица загинале во Турција и Сирија по серијата силни земјотреси. Спасувачите сè уште работат на расчистување на урнатините и спасување на луѓето, но временските услови го отежнуваат процесот.

Земјотресите оставија илјадници луѓе без покрив над главата, а цели станбени блокови беа срамнети со земја. Според последните процени, од вчера до денеска турската почва се тресела дури 450 пати, а дури 31 земјотрес биле посилни од пет степени според Рихтеровата скала.

Последните земјотреси се случија утрово – првиот беше со интензитет од 5,6 степени, а вториот што се случи околу 8.50 часот беше 5,7 степени според Рихтеровата скала.

 

07.02.2023 - 13:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега