(ВИДЕО) Деспотовски: 2022-та рекордна во историјата на ТИРЗ во странски инвестиции и нови вработувања

450 милиони евра изнесуваат Директните странски инвестиции (ДСИ) само оваа година, потенцира директорот на ТИРЗ, Јован Деспотовски во интервју за Фронтлајн, „или повеќе од двојно споредено со лани“.

Со тоа 2022 е најдобра во историјата на постоењето на Слободните трговски зони, вели Деспотовски. Оваа сума од 450 милиони евра постигнати за една година, е половината од сè што е остварено за цела една декада од работата на зоните.

При тоа, нагласува Деспотовски, претежно неколку компании со своите големи инвестиции се конституенти на главницата од 450 милиони евра ДСИ.

„Но можам ексклузивно да најавам дека имаме предвид уште две големи компании со кои се преговара. Една од нив е американско-тајванска компанија која ќе тежи исто така околу 200 милиони. Дополнително разговараме со еден голем јапонски бренд кој исто така тежи 200 милиони евра, но тие својата одлука треба да ја донесат на почетокот на идната година. Сепак таму сме во конкуренција со повеќе држави од централна и источна Европа“ вели Деспотовски во интервјуто за Фронтлајн.

08.12.2022 - 16:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега