(ВИДЕО) Ценовска Серафимовска: ДПМНЕ се распаѓа

„Гледаме дека се големи внатрепартиските проблеми во ДПМНЕ и анти ЕУ кампусот. ДПМНЕ се распаѓа“, смета Мелиса Ценовска Серафимовска, член на ЦО на СДСМ. На денашната прес-конференција одговарајќи на новинарско праша му порача на опозицискиот лидер да не ја меша, како што рече, СДСМ во внатрешните поделби на неговата партија.
 
„Обидите за создавање конфузија во јавноста и очајната потреба да ја вмеша и СДСМ во внатрешните поделби и кавги во ДПМНЕ нема да му помогнат на Мицкоски.Во дворските игри и пресметки Мицкоски да не ја меша СДСМ и сам да си ги решава кавгите.
Мицкоски е бледа копија на Груевски. Политиката на блокада на Мицковски е исто така само копија на оригиналот и очигледно дека има структури во ДПМНЕ кои не се задоволни од него“, изјави Ценовска Серафимовска.

22.09.2023 - 14:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега