ВИДЕО: Буба Корели се огласи после пукањето - се нашол во погрешно време на погрешно место

Амар Хоџиќ, во јавноста познат како Буба Корели, после вчерашната пукотница во сараевската населба Ступ, рекол за Аваз дека никако не е поврзан со немилите настани.

„По повод вчерашниот инцидент кој се случи дојде до споменување на моето име. Јас, Амар Хоџиќ се најдов во погрешно време, на погрешно место и никако не сум поврзан со пукањето“, рекол Корели.

За Аваз претходно било потврдено од сараевската полиција дека инцидентот се случил во околу 16:30 часот односно дека полицајците затекнале две повредени лица.

Исто така, едно лице било задржано на местото на настанот. Засега не е познато дали станува збор за сведок на немил настан или актер во нападот.

Повредените биле превезени во Клиничкиот центар на Универзитетот во Сараево.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

16.02.2021 - 08:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега