(ВИДЕО) Борел: Ако сакате во ЕУ, мора да ги изгласате уставните измени

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жосеп Борел вечерва од Скопје рече дека скрининг процесот набрзо ќе заврши и дека тој сака да им честита на државните службеници и на целата администрација на Северна Македонија.

„Одењето по европскиот пат е нешто што треба да биде пред и над меѓупартиските превирања. Тоа треба да биде заеднички потфат и сите треба да притискаат кон тоа. Тоа е нешто што и треба да земјата. Со цел да напредувате во пристапните преговори ќе биде од клучно значење да постои соработка да се избегне политичката поделеност и да се слуша ЕУ. Не треба да постои политичка поделеност по прашањето за ЕУ. Ако сакате да одите по патот на ЕУ, тогаш мора да го завршите процесот за усвојување на уставните измени и да бапредувате во клучните реформи“, истакна  Жосеп Борел.

29.11.2023 - 20:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега