Балканскиот рис (Lynx lynx balcanicus) по подолг период повторно е фотографиран во Националниот парк „Шебеник” од страна на вработените во Управата за заштитени подрачја во Елбасан.
Националната агенција за заштитени подрачја објави дека преку поставените камери, идентификација на траги на терен и континуирани набљудувања од страна на специјалисти, било можно да се фотографира и документира, со што се потврдува неговото присуство во природните живеалишта на паркот.


