ВИДЕО: Австралија на удар а силен циклон - се подготвуваат засолништа и се делат вреќи со песок

Тропскиот циклон Сероха станува се посилен и се движи денес кон западот на Австралија, каде службите за итни случаи подготвуваат засолништа за претстојните силни налети на ветрот и обилните врнежи од дожд.

Официјални лица во заливот Ајкула во градот Денам апелираа до своите сограѓани да се евакуираат, а на граѓаните на Џералдтон им се даваат вреќи со песок за правење насипи поради можни поплави, објави Ројтерс, пренесува Танјуг.

– Постои потенцијален ризик за човечки животи и уништување на имот и куќи. Мораме да се движиме и да бидеме подготвени да се тргнеме од циклонот – објави противпожарната служба.

 

Циклонот од втора категорија се движи забрзано кон југоисток и постои можност тој да се претвори во тропска бура од 3-та категорија, по што следат налети на ветрови до 224 километри на час, објави метеоролошката служба.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

11.04.2021 - 10:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа