(ВИДЕО) Аргентински ТВ-водител со шампањско ја прослави смртта на Елизабета Втора: „Фала Богу, Сатаната конечно ја зеде кралицата“

 

Вирална стана и со брзината на светлината се прошири постапката, но и видео на водител на ТВ емисија во Аргентија, којшто смртта на кралицата Елизабета Втора ја прослави со шампањско. Контроверзната објава на Твитер почна да се појавува со хаштагот #Cuneoalmediodia.

Додека целиот свет жали за смртта на кралицата Елизабета, аргентински тв-водител отвори шише шампањско среде емисија и ги шокираше гледачите.

Кунео ја објави веста за смртта на кралицата со огнени зборови, потенцирајќи: „Старата кретенка е мртва. Засекогаш е завршено со неа. Силен аплауза за Сатаната, кој конечно ја зеде“

Аргентина и Британија водеа жестока војна за Фолкландските Острови во 1982 година, каде што Аргентина на крајот загуби откако тогашната британска премиерка Маргарет Тачер испрати флота бродови да ѝ го вратат островот на круната.

Но, и покрај минатите конфликти, Министерството за надворешни работи на Аргентина ѝ оддаде почит на покојната кралица, велејќи дека аргентинската влада го изразила своето „жалење“ за смртта на кралицата Елизабета Втора и „стои рамо до рамо со британскиот народ и нејзиното семејство во овој момент на тага“.

09.09.2022 - 14:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега