Агенцијата за храна и веринарство (АХВ) и „Лајка“ во координирана акција направи инспекција и одзема куче кое било држено во нехумани услови. Кучето повеќе од две години било чувано во мал бокс, без вода, со сув леб и во измет.

Видеото погледнете го ТУКА.

Ова не е глад од неколку часа, туку е глад од години занемарување.

А ова видео е мал дел од реалноста во која живеел – затворен, осамен, без вода, без грижа, хранет со сув леб и оставен да пропаѓа пред очи на сите.

Сега е на безбедно. Сега јаде.

Јанез нѐ има сите нас да бидеме со него додека закрепнува, стои во објавата на Лајка.

Exit mobile version