Вчера во 20:30 часот на ул.„Илинденска“ во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода Х.Д.(26) од Гостивар затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. Потоа, врз основа на наредба од Основен суд Гостивар, бил извршен претрес во неговиот дом, при што, исто така, била пронајдена и одземена марихуана.

По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Exit mobile version