Премиерот Мицкоски вели дека полицијата жестоко ќе одговори на сите обиди за нарушување на јавниот ред и мир коментирајќи дека закани од типот на оние кои вчера дојдоа од протестот на Ромите во битолско нема да се толерираат.


“Разговарав денескаутрoво со министерот за внатрешни работи и она кое што го побарав од него да биде за секој оној кој што го прекршил законот, се заканувал, јавно упатил закана и го загрозил мирот и безбедноста на граѓаните жестоко да се одговори.
И ќе биде одговорено жестоко за да не се повтори тоа дивеење од вчера што се повтори“ – изјави премиерот Мицкоски.
Група Роми вчера протестираа со палење на гуми и блокада на патишта заканувајќи се дека ќе се тепаат бидејќи полицијата им ги одзема возилата поради тоа што возат без положен возачки испит.

Тие пак тврдат дека немаат пари за да полагаат за возачка дозвола.

Exit mobile version